Како можете да започнете со практикувањето на Фалун Гонг
Не постои само еден утврден начин за учење на Фалун Гонг. Може да се започне на било кој од неколкуте пристапи. Ако е срцето искрено, секој пат кон Фалун Гонг ќе вроди со плод. Можно е дека Фалун Гонг се разликува од се што некој учел или практикувал досега и содржината на Фалун Гонг е крајно единствена и длабока. Затоа, ако сте трпеливи и со отворени видици, процесот на учење сигурно ќе оди лесно. За многу луѓе, друштво или група представуваат пријатно опкружување во кое можат да започнат со практикувањето. Други пак повеќе сакаат да вежбаат сами, што е можно во оваа практика.
Фалун Дафа содржи пет благи вежби, који лесно се учат. Една од овие вежби е медитација. Составен дел на Фалун Дафа е исто така и студирање на принципите на само-култивација. Тоа значи како да се интегрираат принципите на Вистина, Добродушност и Трпение во секојдневниот живот. Тоа се постигнува со читање на книгите, чии автор е Ли Хонгџи, основачот на Фалун Дафа, или со гледање на видео снимките и слушање на аудио снимките на неговите предавања. Една книга, неколку вежби и невероватно длабоки принципи - тоа е накратко Фалун Дафа. Останатото - тоа во секојдневниот живот да се спроведе во дело - е во ваши раце.
Можете да почнете да го учите Фалун Дафа на било кој од следните начини:
1. Научете ги вежбите на некоја од локациите за вежбање на Фалун Дафа
Постојат стотици "локации за вежбање" ширум светот каде што луѓе кои практикуваат Фалун Дафа се среќаваат поради заедничко практикување на вежбите и проучување и дискутирање за учењето на Фалун Дафа. "Локација" може да биде парк, библиотека, факултет, итн. Секој е добредојден на овие локации. На секоја локација ќе најдете практиканти на кои ќе им биде задоволство да ви ги покажат вежбите на лице место или по договор на некое друго место. И секако, сите инструкции се бесплатни. Побарајте локација за вежбање во ваша близина.
2. Научете ги вежбите користејки ги Фалун Дафа видео-инструкциите за вежбање
Секој може да ги научи Фалун Дафа вежбите вежбајки со Фалун Дафа видео-инструкциите за вежбање. Видеото го прикажува Учителот Ли Хонгџи како ги демонстрира вежбите и содржи објаснување на движењата во вежбите, клучните точки и дејствата на вежбите. Видеото можете да го најдете на нашата интернет страница или да го позајмите од некој од практикантите на вашата локација за вежбање.
3. Научете ги принципите на Фалун Дафа од книгите
Принципите на Фалун Дафа можете да ги научите читајки ги двете главни книги чии автор e Ли Хонгџи: Фалун Гонг (Чигонг на законското тркало) и Чуан Фалун (Вртење на законското тркало). Фалун Гонг е систематска, воведна книга, која го објаснува значењето на поимот чигонг, воведува во принципите на Фалун Дафа и содржи илустрации и детално објаснување на вежбите. Препорачуваме за почетниците и оние без познавање на чигонгот да почнат со оваа книга. Чуан Фалун е најисцрпно и есенцијално дело за практиката Фалун Дафа, сепак најдобро е да се прочита со малку предзнаење. Организирана во форма од девет лекции, оваа книга беше бестселер број еден во Пекинг во Кина во 1996. година. Темелното разбирање на Чуан Фалун неопходно е за вистинско, напредно практикување. Исто како и видео-инструкциите за вежби, двете книги можат да се најдат на интернет, да се купат во некоја од книжарните или да се позајмат од некоја од локалните библиотеки или од некој од практикантите на една од локациите за вежбање.
4. Учествувајте на еден деветодневен видео-семинар
Деветодневните видео-семинари од време на време се одржуваат во групите за вежбање на разни локацији ширум светот. Тие представуваат најтемелен начин за почеток со практикувањето. Во тек на семинарот учесниците ги гледаат деветте предавања на Учителот Ли Хонгџи, ги учат сите пет вежби и имаат можност да дискутираат за практикувањето со долгогодишните практиканти на Фалун Дафа. Семинарите се, секако, потполно бесплатни и секој е добредојден. Кај волонтерските контакт-особи за Фалун Дафа можете да добиете информации за предстојните семинари.
5. Бесплатно покажување на вежбите во вашиот град
За да помогнат на оние луѓе кои што немаат група за вежбање во близина на местото каде што живеат, многу практиканти на Фалун Дафа со задоволство се спремни по покана на заинтересираните да дојдат и да им ги покажат вежбите и да ги воведат во практиката на Фалун Дафа. Често луѓето ќе соберат неколку пријатели, ќе резервираат просторија во својата локална библиотека и ќе ги поканат практикантите на Фалун Дафа да дојдат и да им ги покажат вежбите. На многу практиканти ќе им биде драго да дојдат во секое место, без оглед на бројот на заинтересирани. Практиканти од Калифорнија патуваа во Гватемала од таа причина, а шведските практиканти ја посетија Јужна Африка. Ова е исто така бесплатно. Ако сте заинтересирани, контактирајте некој од практикантите на Фалун Дафа во ваша близина, кои би можеле да го посетат вашиот град и да ви ги покажат вежбите.
Ви посакуваме среќно и успешно практикување!
*** Сите Фалун Гонг активности се бесплатни и организирани од страна на волонтери ***