Фалун Дафа вежби

Петте вежби на Фалун Дафа се хармонични, едноставни и лесно се учат. Читајки ја оваа страница, ќе можете да се запознаете со секоја од петте вежби. Потоа можете да кликнете на линковите испод описот на секоја од вежбите за да ги видите подеталните инструкции, или да го погледнете видео филмот на кој Учителот Ли Хонгџи лично ги покажува секаја од вежбите, со инструкции на англиски јазик.

Секако, уште поедноставен начин да ги научите вежбите е да стапите во контакт со некој од практикантите на Фалун Дафа во ваша близина, који бесплатно можат да ви ги покажат вежбите.

Фалун Дафа вежби

1. вежба: Буда истегнува илјада раце

Фалун Дафа - 1. вежба

Принцип: Клучното во "Буда истегнува илјада раце" е во истегањето на телото. Ова истегање ги деблокира местата во телото каде што енергијата е блокирана, ја стимулира енергијата во телото и испод кожата, за јако да циркулира и автоматски апсорбира голомо количество енергија од универзумот. Тоа овозможува од почеток да се отворат сите меридијани во телото на практикантот. За време на практикувањето на оваа вежба, телото ќе се осеќа топло. При тоа се осеќа деќа енергетското поле е мошне јако. Причина за тоа е што сите меридијани во телото се истегаат и отвораат. "Буда истегнува илјада раце" се состои од осум движења. Движењата се мошне едноставни, сепак тие контролираат многу работи кои се развиваат од методата на култивирањето како една целосност. Во исто време, тие можат да му овозможат на практикантот брзо да навлезе во состојба во која е опкружен со енергетско поле. Оваа вежба практикантите треба да ја практикуваат како основна вежба и обично прво се почнува со оваа вежба. Таа е една од методите за јакнење во култивацијската практика. - Цитат од книгата Фалун Гонг, од Ли Хонгџи.

Научете ја 1. вежба:

2. вежба: Фалун стоечки став

Фалун Дафа - втора вежба

Принцип: "Фалун стоечки став" е мирна вежба која се практикува во стоечка положба. Се состои од четири баолун-положби (баолун - да се обфати Фалунот со рацете). Често практикување на "Фалун стоечки став" ќе овозможи целосно отворање на целото тело. Тоа е една обимна метода на култивирање, која ја зголемува мудроста, ја зголемува снагата и го повисува нивото на култивирањето и ги јакне натприродните сили. Иако движењата се мошне едноставни, многу може да се постигне со оваа вежба. Почетникот, кој ја вежба оваа вежба, може да има чувство дека рацете се многу тешки и може да осети болка во рацете. Меѓутоа, после вежбата, целото тело ќе се осеќа опуштено и нема да има чувство на замореност, како после физичка работа. Ако практикантот го продолжи времето на практикување на вежбата и почесто ја практикува, ќе осети вртење на Фалунот во рацете. Движењата на "Фалун стоечки став" треба да се прават природно. Не треба намерно да се ниша. Нормално е човекот малку да се движи, ама очигледното нишање треба да се котролира. Што подолго трае вежбата, тоа подобро, само тоа е различно од човек до човек. Кога ќе навлезеш во мирна состојба, не треба да ја изгубиш свесноста дека ти практикуваш, туку треба да ја сочуваш. - Цитат од книгата Фалун Гонг, од Ли Хонгџи.

Научете ја 2. вежба:

3. вежба: Поврзување на двата космички пола

Фалун Дафа - трета вежба

Принцип: "Поврзување на двата космички пола" ја води енергијата од универзумот и ја меша со енергијата во човековото тело. Големо количество на енергија се исфлува и прима во тек на оваа вежба, што му овозможува на практикантот да го исчисти своето тело во многу кратко време. Во исто време, оваа вежба ги отвора меридијаните на темето и ги деблокира каналите испод стопалата. Рацете се движат нагоре и надоле сокладно со енергијата во внатрешноста на телото и со механизмот надвор од телото. Енергијата која се движи нагоре, избива од темето директно до горниот пол на универзумот; Енергијата која се движи надоле, избива низ стапалата и оди директно до долниот пол на универзумот. Откога енергијата ќе се врати од двата пола, се емитира на спротивната страна. Движењата на рацете се поновуваат девет пати. - Цитат од книгата Фалун Гонг, од Ли Хонгџи.

Научете ја 3. вежба:

4. вежба: Фалун - небесен круг

Фалун Дафа - четврта вежба

Принцип: "Фалун - небесен круг" и овозможува на енергијата во човековото тело да циркулира преку едно големо подрачје. Енергијата не проаѓа само низ еден, или неколку меридијани, туку циркулира од целата јин-страна на телото до целата јанг-страна. Оваа циркулација се поновува без прекин. Оваа вежба далеку ги надминува обичните методи на отворање на меридијаните или на Големиот и Малиот небесен круг. "Фалун - небесен круг" е метода на култивација на среден ниво. На база на првите три вежби, со практикувањето на оваа вежба, брзо можат да се отворат меридијаните во целото тело (вклучувајки го и Големиот небесен круг). Одгоре па надолу, меридијаните во целото тело постапно се поврзуваат. Најголемата особеност на оваа вежба е во тоа што низ вртењето на Фалунот се исправаат сите абнормални состојби во човековото тело. Тоа овозможува малиот универзум на човековото тело да се врати во својата изворна состојба и овозможува сите меридијани во телото да бидат деблокирани. Кога еден практикант ќе стигне до оваа состојба, тогаш тој има постигнато еден многу висок ниво во култивирањето на Фа-во-трикратниот-свет. Кај практикувањето на оваа вежба, двете раце го следат енергетскиот механизам. Движењата се благи, спори и заокруглени. - Цитат од книгата Фалун Гонг, од Ли Хонгџи.

Научете ја 4. вежба:

5. вежба: Метода на јакнење на натприродните сили

Фалун Дафа - пета вежба

Принцип: "Метода на јакнење на натприродните сили" е една мирна култивацијска вежба. Оваа вежба има повеќе намени и со вртење на Фалунот со рачните гести на Буда се јакнат натприродните сили (вклучувајки ги и натприродните способности) и енергетската потенција. Оваа вежба е метода на култивирање изнад средниот ниво и порано била практикувана во тајност. Оваа вежба захтева да се практикува во двократната лотос-положбата во седење. Едноставната лотос-положба е исто така прифатлива во почетниот стадиј на практикување, ако не може да се направи двократната лотос-положба. Конечно се захтева да се седи во двократната лотос-положба. За време на практикувањето струењето на енергијата е јако и енергетското поле околу телото е исто така мошне големо. Што подолго се седи со прекрстени нозе, тоа подобро. Тоа зависи од издржливоста на поединецот. Што подолго се седи, тоа поинтензивна е вежбата и гонгот побргу расте. Не треба да се мисли на ништо кога се практикува оваа вежба - нема мислени активности. Од смиреноста треба да се навлезе во динг. Само, твојата главна свест мора да биде свесна деќа ти си тој, што ја практикува вежбата. - Цитат од книгата Фалун Гонг, од Ли Хонгџи.

Научете ја 5. вежба: