Фалун Дафа - Краток вовед

Фалун Гонг вежби

Фалун Дафа (кои исто така се нарекува и Фалун Гонг) е древна форма на qigong, метода на оплеменување на духот и телото со специјални вежби и медитација. Како и tai chi, и qigong е составен дел на животот на многу луѓе во Азија. Скоро секој кинески парк веќе рано наутро полн е со луѓе кои практикуваат вакви вежби.

Само неколку години по представувањето во јавноста, Фалун Гонг стана најпопуларна qigong метода воопшто во кинеската историја. Главната причина за тоа е што Фалун Гонг се разликува од другите qigong методи по тоа што не ги нагласува само физичките вежби, туку исто така и култивацијата на моралниот карактер во секојдневниот живот према високите принципи подучувани од основачот на Фалун Дафа, Ли Хонгџи.

Делотворноста на Фалун Дафа со оглед на подобрување на здравјето и неговите длабоки принципи брзо го направија многу популарен во целиот свет. Од представувањето во јавноста, Фалун Дафа привлече десетици милиони луѓе во преку 80 земји. Скоро во сите главни градови и универзитетски центри во Европа, САД, Канада и Австралија постојат групи луѓе кои се среќаваат поради заедничко вежбање.

Луѓето кои што практикуваат Фалун Дафа доаѓаат од сите друштвени слоеви и професии и Фалун Дафа ги надминува културните, социјалните, економските и националните граници. Практиката воглавно се пренесува од човек на човек, затоа што оние што ќе го научат Фалун Гонг, обично мислат дека е премногу вреден за да го задржат само за себе.

1. Книги и вежби

Практикувањето на Фалун Дафа е едноставно, меѓутоа во исто време и многу делотворно. Примарно се состои од два дела: самоподобрување и оплеменување со студирање на учењето на Учителот Ли Хонгџи и изведување на петте благи вежби на Фалун Гонг. Вежбите се едноставни и брзо се учат, пријатни се и во исто време опуштаат и го јакнат телото. Многу практиканти на Фалун Дафа ги прават вежбите во група и на отворено. Учењето е објаснето во двете книги: Фалун Гонг (Чигонг на законското тркало) и Чуан Фалун (Вртење на законското тркало), кои што се преведени на многу јазици, а помеѓу останатото и на босански, хрватски и српски јазик.

2. Принципи на практиката

Придобивките од практикувањето на Фалун Дафа се бројни и разновидни, тие доаѓаат од подобрување на здравјето и новодобиената енергија, до менталната јасност, мир на умот и намалување на стресот. Сепак, Фалун Дафа се разликува од другите чигонг практики по тоа што ги надминува целите на добро здравје и одржување на добра кондиција и има за цел стекнување мудрост и достигнување на просветлување. Во срцето на практиката се највисоките принципи на универзумот: Вистина, Добродушност и Трпение. Со комбинација на проучување на книгите и правење вежби, практикантите се трудат да станат што подобри луѓе, така што се водат со тие принципи во се што прават во секојдневниот живот.

3. Да ли е тоа за мене?

Милиони луѓе во целиот свет одбраа Фалун Дафа да им стане составен дел на животот. Едноставно кажано, тие сметаат дека тоа е вредна инвестиција на нивното време, која води кон добро здравје, среќа и осмислен живот. Се што е потребно за тоа се отворен ум и добра воља. Сите се добредојдени, затоа што Фалун Дафа е аполитичен, неформален и потполно бесплатен, без обврски и членство. Сите книги се достапни на интернет. Ве покануваме да и дадете шанса на оваа прекрасна метода и сами да ја проучите. Прочитајте повеке за тоа како можете да започнете. А ако имате уште општи прашања за практикувањето, прочитајте ги и често поставуваните прашања.